„Децата не може да не одат на училиште, но мора да имаме прецизни принципи. Според нашите препораки треба да има помали групи и повеќе смени и пократко траење на часовите. Што пократко време во затворен простор, носење маски, доколку може и наставниците да бидат ограничени со што помал број на групи на деца кои тие ги учат. Честа дезинфекција на раце. Мислам дека имаме солидни препораки. Вирусот е тука и нема да исчезне, не можеме да седиме затворени“, министерот Венко Филипче во вечерашното гостување на Канал 5 и најави дека од септември учениците ќе се вратат во училишните клупи.

„Пред нас имаме два предизвици: отворањето на градниките и училиштата и завршување на убавото време и појавата на сезонски грип. Интензивно разговараме со двете министерствата за протоколите. Секако дека не е исто да се спроведуваат мерки кај малите деца и кај поголемите. Се изготвија предлог протоколи кои во следните денови Комисијата за заразни болести ќе ги оцени. Потоа и на владина седница ќе се усвои по кои принципи ќе се работи.


SHARE