Вишниевски за одлуката на ЕУ: Проширувањето какво што го знаевме е мртво

Полскиот диполомат и експерт за Југоисточна Европа Јарек Вишниевски вели дека по денешната одлука на ЕУ, Македонија и Албанија да чекаат до октомври за одлука за датум е негативен развој на настаните затоа што до тогаш ништо нема да се смени во ЕУ.

Полскиот експерт вели дека под објаснувањето “јасна и опфатна одлука” за Македонија и Албанија треба да се подразбере “шутирање на лименката по патот и давање лажна надеж” за двете земји.

“Политиката на проширувањето на ЕУ каква што ја знаевме до сега е мртва”, вели познавачот на процесот на зголемување на бројот на членки на ЕУ.

SHARE