Високи функционери во МВР соочени со затворски казни (ФОТО)

На 6 декември 2019 помошник министер во МВР потпишува Одлука за избор на најповолна понуда (од само еден понудувач) за печатење на пасоши и други лични документи и обрасци.

Со документот се прифаќа цена од 19,7 милиони евра! плус ДДВ (Точка 3 од Одлуката). Меѓусебните права и обврски, според оваа Одлука, ќе се уредат со соодветен Рамковен договор.

Со овој документ кој е донесен без соодветна процедура започнуваат сомнежите за еден од најголемите корупциски скандали во последниве години.

Во документите и информациите што ги објавува вечер.мк се индицира огромен криминал во МВР вреден најмалку 12 милиони евра.

За набавка на мерцедесот во случајот “Тенк” од страна на предходната влада тогашниот висок функционер во МВР Ѓоко Поповски доби 9 годишна затворска казна во случај кој имаше далеку помалку Аномалии од сегашниот.

Сите информации на овој ЛИНК

SHARE