Вистинското лице на двојазичноста

Во западниот дел на Македонија вандализмот со бришење на сите македонски натписи на сообраќајните знаци и манифестирање на „еднојазичност“ станува – практика.

Ваквите акти на оштетување на патната сигнализација го покажуваат второто скриено лице на двојазичноста, која очигледно некои ја сфаќаат само како алатка за негирање на мнозинскиот народ во државата и за негирање на македонскиот јазик како официјален службен јазик во Македонија.

Екипа на „Нова Македонија“, во текот на празниците, направи обиколка на западниот дел од земјата и лично се увери дека голем дел од сообраќајните знаци на кои населените места се напишани на македонски јазик се пречкртани или прекриени со спреј, а на таблата се оставени да стојат само албанските натписи.

SHARE