„Виз ер“ крати летови од бивша Југославија , најпогоден скопскиот аеродром

smart

„Виз ер“ е во процес на суспензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат.

Како што јавува дописникот на МИА од Белград, најголем број откажувања ќе има Скопје, потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево, пренесува Плусинфо.мк

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Превозникот планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа. Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.

„Визер“ е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, вклучително и на Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.

Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети. Визер не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Повеќе детали на следниот линк

SHARE