Влада: Да се разреши Лидија Димова


Владата на денешната седница го прифати предлогот на вицепремиерот Љупчо Николовски задолжен за борба против корупција за разрешување на директорката на националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, по скандалите поврзани со распределба на европски пари.

Претходно денеска, премиерот Зоран Заев рече дека има доволно аргументи за Димова да биде разрешена од етички причини.

„Јас тој предлог ќе го прифатам, ќе дадеме сугестии доколку владата се согласи до Управниот одбор9на Агенцијата – н.з.) да постапи заради етичкиот дел, другиот дел е нешто кое го работат други институции, ние не сме надлежни, а тоа е за евентуална кривична одговорнот за незаконско работење, но не би навлегол во тој дел“, рече премиерот.

На потег е Управниот одбор на Националната агенција.

Не е познато кои се членовите на УО кои ќе одлучуваат за судбината на Димова – информација нема ниту на сајтот на Агенцијата, ниту ја соопштуваат од Владата.