На денешната седница Владата го усвои финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот и го достави до Собранието на Република Македонија.

Амандманите се составен дел на Уставот и влегуваат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата – амандман 4 на Уставот на Република Македонија и тој гласи: Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

Со текстот на амандманот 35, „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“, се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

Како резултат на јавната расправа, измени има и во текстот на Амандманот 36 којшто сега гласи:

-Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;

– Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство;

https://vlada.mk/mkgrdogovor

 

SHARE

1 Коментар

  1. Taka kako so e napisano proizleguva deka use 1944g bil kreiran Ohridskiot ramkoven diktat…… so nastradamusi ti bile “komunistickive banditi” celi 60g odnapred donele odluki…. aha makedonci ke barate SevernoOdMakedonija ! to mu dodze da ce braca srbijanci da prave jos jednu banovinu sa juznosrbijanskim makedoncima u sadasnjom Bujanovskom I Podujevskom teritorijom ! a I deo sa kosova republjik ! ovu sadashnju Vardarsku juznosrbijansku ce da poklone njihovim “bracama” iz HELLASS ! a mozda jedan deo I za novu juznosrbijansku Bujanovicku banovinu ! ZIG HAJL MAJNE CRPNATISHE FUHRER ! ! ! a uste po crpnati “experti” od “elitata ” ! ! ! a bogami za volja na vistinata od crpnat narod dobivas crpnata vlast ! ! ! !

Comments are closed.