Македонската Влада најостро го осудува вандалското и недолично однесување на мала група демонстранти пред конзулатот во Мелбурн, каде група македонски иселеници, пред конзулатот запалија грчко, бугарско и албанско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.

Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија во очите на демократската јавност.

Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Шеќеринска, не се никаква одлика на патриотизам, ниту пак се слика за нашата дијаспора, оценуваат од владата.

SHARE