Владата ќе ги врати парите за изградба на Клинички центар!

70 милиони евра наменети за проектот за изградба на Клинички центар ќе бидат вратени на Банката на Советот на Европа.

Од септември заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравствена услуга на едно место, пишува Нова ТВ, повикувајќи се на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според министерот за здравство Венко Филипче средствата се враќаат затоа што со изградбата на Клиничкиот центар во Скопје нема да можело да се даде современа здравствена услуга и оти немало добро сообраќајно решение.

Филипче, најави дека од септември „почнува мисија што ќе трае два до три месеци и дека врз основа на анализата ќе се знае каков Клинички центар ќе биде потребен во смисла на обем, димензија, број на кревети со кои располага, сега не само во Скопје, туку и во целата држава, и врз основа на нивната искористеност, како и бројот на лекари со кои се располага“ пренесува Нова ТВ.

Во мај минатата беше потпишан договор за изградба на нов Клинички центар на досегашната локација за цена од 72 милиони евра, а рокот за изградба беше предвиден на 45 месеци.

Во март годинава министериот Филипче соопшти дека Клиничкиот центар ќе се дислоцира во населбата Бардовци во близина на Психијатриската болница, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни дека одлучиле да го дислоцираат Клинички од центарот на Скопје, по препораките на стручната јавност и дека го прифатиле предлогот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

„ Со проектот за кој претходната Влада има потпишано договор нема да се реши проблемот со клинички центар, бидејќи улицата Водњанска и натаму ќе остане тесно грло, односно сообраќајниот метеж не го решава ниту сообраќајното решение понудено со овој проект.

Клинички во клинч меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ