Туристичките агенции ќе издаваат ваучери за да може да ги обесштетат клиентите чии патувања се откажани поради заразата со коронавирус, во висина на уплатата што им пропаднала.

Тие граѓани ќе може да ги искористат ваучерите за друго патување, кое треба да биде искористено до крајот на идната година, најави министерот за економија Крешник Бектеши уредба на владата.

Натојначин, велат од владата, граѓаните нема да ги изгубат уплатените средства, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период. 

Ваучерите ќе важат за кое било патување, заклучно до јануари 2021. Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира во согласност со двете страни.

„Ако во меѓувреме некоја агенција затвори и прекине со вршење на дејноста, ќе има обврска парите во целост да им ги врати на клиентите“, рече Бектеши.

Бектеши кажа дека сите барања на туристичкиот сектор ќе бидат прифатени, за да не пропадне.

SHARE