Во последните денови од функционирањето, поранешната влада предводена од Зоран Заев издала одобрение за работа на неколку компании за одгледување на марихуана за медицински цели.

Според податоци објавени во Службен весник, на владина седница оддржана на крајот на изминатава 2019 година, со потпис на веќе поранешниот премиер Заев, кој пред една недела се повлече поради формирање на техничката влада за спроведување на изборите, две компании добиле согласност за одгледување на канабис за медицински цели, јави Фокус.

Една од нив е компанијата Њу Гарден Фарма од Скопје, која, според податоците од Централниот регистар, е основана на крајот на 2018 година, при што како основач се јавува друга компанија со седиште во офшор зоната Кипар – Њу Гарден Фарма Лимитед.

На истата владина седница одобрение добила и компанијата Ендо Кана од Старо Нагоричане, која е основана во март годинава со основачки влог од над 16 милиони денари, а како сопственици се јавуваат повеќе физички лица.

Во истиот период, односно минатиот месец декември, согласност од владата за одгледување на медицинска марихуана добиле и Греен Медикал од Прилеп, Лифе Плант од Струмица, ЦБД Медлплант од Ново Село, Канбио Медикал од Скопје, додека една компанија ја загуби лиценцата – Т.Х.Ц. Кулаити Груп.В

SHARE