Владата нè задолжи со нови „само“ 700 милиони евра, иако можела пет пати повеќе

Министерството за финансии се пофали со петкратно поголем интерес од инвеститорите за издадената македонска еврообврзница од 700 милиони евра, со рок на отплата од шест години и каматна стапка од 3,675 проценти.

Тоа значи дека Македонија до 2026 година ќе мора да врати 153 милиони евра само врз основа на камати, покрај главницата од 700 милиони.

„Со издавањето на еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и заемите од Светска банка во износ од 140 милиони евра и од Европската унија од 160 милиони евра кои се преговараат и се извесни, се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 6,8 отсто од БДП со ребаланс, обврските по основа на стари долгови од 705 милиони евра. Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шок и зависно од развојот на настаните делумно финансирање на потребите за следната година“, соопштија од Министерството.

Ова е втора еврообврзница во овој мандат на СДСМ на власт по таа од 500 милиони евра пред две години.

SHARE