Владата не знае кого именувала за шеф на најмоќната безбедносна служба (ФОТО)

Македонската вада направила навидум мала но значајна грешка при именувањето на првиот човек на новата и сигурно најмоќна домашна служба за безбедност.

Во одлуката за назначување на новиот шеф инаку поранешен државен секретар во министерството за надворшни работи Виктор Димовски владата му згрешила една буква.

Всушност Димовски кој предходно во времето на Бранко Црвенковски беше и шеф на Агенцијата за разузнавање, не бил Виктор туку Викторио.

Оваа информација односно груба грешка е исправена дури една недела откако на 11 јуни Димовски е објавен во Службениот весник како нов директор на АНБ со своето погрешно име Виктор.

ОД грешката се поставуваат две прашања:

Прво, како е можно целиот свој работен век Димовски кој бил и амбасадор во Белград во јавноста да го користи името Виктор кое не е точно, и

Второ, како е можно во исклучителна важна служба како Агенцијата на зационална безбедност да се направи грешка ако се знае дека во светот на тајните служби само една погрешна буква, еден погрешен интерпункциски знак или погрешен број на адреса може да доведе до непотребни маки за граѓаните.

Кај нас најпознат ваков случај е германскиот државјанин Калед Ел Масри кој во 2004 година чие име односно транскрипција на име беше помешана од страна на македонските тајни служби по што беше чуван во хотел во Скопје а подоцна беше предаден на американските партнери.

Грешката со името на шефот на моќната тајна служба со право ја отвоара дилемата дали утре и граѓаните поради непрофесионалноста на службите можат да страдаат поради една промашена буква во името или адресата на живеење.

SHARE