Владата пак набавува лубриканти

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти, а согласно програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, пишува печатеното издание на vecer.

„Се работи за подмачкувачи изработени 100% на база на вода, без мирис, без вкус и без боја, без алкохол и без силикон,не петрохемиски производ. Пакување од 3мл до 5 мл, лесни за отворање и погодни за патување и секојдневна употреба. Рок на употреба најмалку од две години, сметано од денот на испораката“, дознава Вечер.

SHARE