Владата пак не го смени директорот на Шутка

Иако уште во февруари даде оставка поради инцидентот во кој осудени за Диво Насеље ги нападнаа Миле Јанакиевски и Спире Ристовски директорот на затворот “Шутка” се уште не е сменет.

Иако премиерот Заев најави дека Ѓоко Котевски ќе биде сменет по изборите, тие изминаа а директорот се уште е на функција.

Портпаролот на Владата Мухамет Хоџа изјави дека третата недела по изборите Владата не го сменила директорот Котевски на својата вчерашна седница.

Како капак на се денеска на социјалните мрежи беше објавена слика од Котевски на кој е сликан како прави “Паткино лице” (Duck face)

Пресот на Владата каде што се зборува за Котевски

SHARE