Владата предизборно ќе дели 355 милиони евра

И покрај острите критики од синдакалците, компаниите и експертите, Владата го усвои третиот сет-мерки кој ќе тежи 355 милиони евра онака како што беше предложено од Заев: Картички со по 150 евра ќе добијат 100.000 граѓани, ќе има викенд без ДДВ за купување гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Ќе се даваат и по 100 евра за летни одмори во домашните летувалишта…

„Околу 100.000 граѓани на нашата земја ќе добијат вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги. Оваа мерка е достапна за сите баратели на работа, кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и приматели на гарантирана минимална помош. Оваа платежна картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена“, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Од опозицијата велат ова не  помош за граѓаните и компаниите погодени од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп, а дека стопанството е ставено на чекање до септември.

-Со ова се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција. Над половина од 33.000 работници во секторот угостителство се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани со намалени приходи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во новиот пакет мерки не е предвидено државата да продолжи да им дава минимална плата за вработените на фирмите погодени од кризата. Сега се предвидуваат бескаматни кредити за микро и малите претпријатија. Пари се предвидени и за земјоделците, а конечно 20 проценти повисока плата наредните два месеци ќе има и за медицинскиот кадар.

Извор: Алфа

SHARE