Владата се пишмани – го врати рамниот данок


Владата го замрзна прогресивниот данок и времено го врати рамниот данок од 10 отсто. Замрзнувањето ќе трае 3 години  и во овој период властите се откажуваат и од даночење со 15 отсто на капиталните добивки, како и на каматите кои надминуваат 15 илјади денари на банкарските депозити. 

Прогресивниот данок не го дал посакуваниот резултат и бил донесен без потребните консултации со бизнис-заедницата, оцени министерката за финасии Нина Ангеловска, а бил евидентирал одлив на капитал во соседните земји и легално префрлање пари на други лица.

Со прогресивниот, секој приход над 1.500 евра се даночеше со 18%, а сумата до тој износ со 10%.

Доскорешнот министер за финансии и професор на економскиот факултет, Драган Тевдовски, реагираше на фејсбук профил откако актуелната министерка Ангеловска објави дека прогресивниот данок се става во мирување.

„Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ“, иронично искоментира Тевдовски на Фејсбук.

Според статусот може да се заклучи дека Тевдовски не е рамнодушен со предложените измени од причина што токму тој и неговиот советник Бранимир Јовановиќ беа најголемите иницијатори за воведување на овој данок.

SHARE