Владата се прави “на Тошо” за директорот на “Шутка”

Четири месеци по дадената оставка кадарот на СДСМ Ѓоко Котевски останува директор на затворот Шутка.

Откако во февруари дозволи физички напад врз двајца екс функционери на опозицијата Миле Јанакиевски и Спире Ристовски од страна на осудени убијци од Диво Насеље оставката му беше одложена се до одржување на претседателските избор.

Сепак две недели по изборите Котевски се уште е директор а од Владата не реагираат, веројатно со надеж дека јавноста заборавила на скандалот.

„Оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски е нотирана до Владата, но според сите законски прописи, истата ќе биде разгледувана по претседателските избори“,изјавија во февруари од Владата.

За невидениот скандал во кој во затвор се случи физички напад врз притвореници дисциплински мерки беа поднесени против 11 лица поради пропусти во работењето. Требаше да одговараат чувари но и раководители кои со некоја постапка овозможиле да се случат двата инциденти во кои беа нападнати екс министрите Јанакиески и Ристовски.

Деталниот извештај за одговорноста остана тајна за јавноста која е убедена дека затворската управа помогнала во нападот спроведен од страна на осудени убијци.

SHARE