Владата направила тајна кадровска смена во комисијата со Бугарија

Од колумна на професорот Атанас Вангелов за плусинфо.мк јавноста дознава за досега непозната промена на составот на историската комисија со Бугарија.

Вангелов кој е долгогодишен член на СДСМ открива дека неговиот син Огнен Вангелов е нов член во Македонско – Бугарската комисија за историја.

“Во подолга статија на новинарот Симеон Јанев, објавена на бугарскиот портал news.bg, може да се прочита дека македонската владина комисија – која денес (каква коинциденција, денешен „Фокус“ oбјавува опсежно интервју со мене) расправа со соодветна на бугарската влада, на тема „заедничка историја“ – односно „скопската страна“ сменила некој член на својата комисија и на негово место назначила друг, „от когото медиите могат да се ужаснат“.

Не е некоја тајна за оние што редовно или повремено ја следат работата на тие две владини комисии дека тој член од кој бугарските медиуми „могат да се ужаснат“ е Огнен Вангелов, по случај мој син, како што би рекол славниот автор на „Духот на законите“ Монтескје, по природа – човек, а по животен избор политиколог кој одбранил докторска дисертација на универизитет Кингстон во Канада, земја во која работи и Марија Тодорова, историчарка, како и Стефан Дечев, односно филозофот Ивајло Дичев, од кои бугарските медиуми„ могат да се ужаснат“ исто толку колку и од тој нов член на скопската владина комисија”, пишува Вангелов сениор за смената во комисијата.

Јавноста досега не беше запозната со оваа промена по што се отвараат низа дилеми за причините за промената:

1. Дали во комисијата има раскол меѓу неоврховисти и македонисти?

2. Дали од комисијата заминал некој во знак на протест или некој што не може да ги прифати бугарските барања?

3. Дали синот на Вангелов е само член плус или е нечија замена?

4. Зошто пред јавноста се криело за ваков чекор на министерот за надворешни работи Бујар Османи или неговот предходник Никола Димитров?

Целата колумна на Вангелов во плусинфо.мк овде

SHARE