Владика на МПЦ ги проколна пратениците што ќе гласаат за Северна Македонија и нивните потомци

Владиката на МПЦ Агатангел без трошка црковна дипломатија им порача на тие што вршат насилство врз послабите односно и на тие што ќе гласаат за промена на името дека ќе бидат пpоклети за вечни времиња.

Фрлената клетва на Агатангел се однесува и на нивното потомство

Целата порака од владиката:

Драги браќа и сестри, Македонци, Македонки и Македончиња!

На неодамнешниот референдум, народот јасно го искажа своето мислење. Според резултатите од него, никој не доби овластување да се впушти во промена на нашето вековно име. Основна задача на оние што се бават со политика, а посебно на пратениците во Македонското Собрание, е да ги штитат народните интереси и да спроведуваат политики кои ќе го унапредуваат нашето општествено живеење.

Доколку пратеникот престане да го слуша гласот на народот тој станува одметник и отстапник.

Денес, во Македонското Собрание имаме 80-ет одметници кои пловат спротивно од реката на националните интереси. Овие пратеници, налик на диви одметници, го пљачкосуваат минатото и иднината на својот народ, за да ја збогатат ризницата на самоволниот и силниот на овој свет, за кого не важи ни еден закон, освен законот на суетата и законот на среброљубието.

Овие осумдесетмина отстапници не се свесни дека правдата, навидум колку и да е слаба, на крајот секогаш победнички триумфира. Единственото нешто што ќе го заработат од трговијата со светињата и од примената на наcилcтвото е народната осуда и вечното пpоклетство.

Неправдата врз послабиот и незаштитениот, на насилникот и на неговите најблиски, им носи несреќа и илјадагодишно проклетство.
Паметиме што зборуваа пред да бидат избрани Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и останатите одметнати пратеници на ВМРО ДПМНЕ, а сега ја гледаме нивната бламажа и бесрамност.

Кога градеа кариери врз грбот на нивните поддржувачи, имаа однесување на лавови, а кога малку им се приближија хиените, добија облик на инсекти.

Во какво ВМРО залутале овие профитери, овие без’рбетни облици на живот? На каква, пак, лева опција се наследници пратениците од СДСМ, кога без никаков срам тргуваат со придобивките на АСНОМ? Зарем заборавиле на неброените жpтви од првата половина на 20-от век, чии идеали сега безочно ги погазуваат? Од каков материјал се создадени сите овие луѓе, зарем обична вода наместо крв тече во нивните вени? Овие однародени и нечесни пратеници, кои бавењето со јавна служба го користат само за гол профит, од нас, кои им го дадовме мандатот, го заслужуваат единствено нашиот презир.

Ги презираме и отфрламе оние кои работат здружно на нашето колективно убиcтво и уништување. Оној кој прави неправда и наcилие кон слабиот и незаштитениот е пpоклет за вечни времиња.

Пpоклет нека биде и тој и сето негово потомство!

Македонија и македонскот народ ќе живеат вечно. Вечно ќе ги паметиме хероите и нивната несебична жpтва и вечно ќе ги држиме во проклетство одродниците, плашливците и насилниците.

Во овие тешки моменти за македонскиот народ и за македонската држава се потсетуваме на стиховите од нашиот славен преродбеник Глигор Прличев, кој за одродниците го напишал следново:

„Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана, погледнал на сино небо, љуто прок’лнал. Ох! Послушај милиј Боже! Аир никогаш да немаат Стамче Беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби! Милостивиј Бог послушал, патричка горешта клеTва, слава нивна, семе нивно, погубил со шум. И сега во куќи нивни, ткае пајак пајажина и во пусти стреи нивни хукат утови“.

Го повикувам сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја. Пратениците, и од левицата и од десницата, од длабочината на мојата душа ги повикувам да не го оцрнуваат своето срце и со делата на своите раце да не нанесуваат вечен срам и проклетство на нивните поколенија.
Функциите се стекнуваат, но и завршуваат, па немојте да бидете запаметени како генерација која се откажала од нашето свето македонско име.

Бог нека ги благослови сите оние кои ќе ги издржат сите налети на нечестивиот и кои преку непокор и со силата на својот дух ќе се изборат за опстојот и благосостојбата на Света Македонија и на нашата Света Македонска православна црква.

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†Агатангел (Станковски).

SHARE

6 Коментари

  1. Владико да си жив и здрав уште години сто!
    Зарем во МПЦ-ОА остана само Владиката Агатангел, зарем сите останати станаа северџани и се продадоа за неколку сребреници!?

    вие во ехпрес.мк по се изгледа се уште не сте свесни што се случува, ако помине овој велепредавнички акт, многу лоши времиња доаѓаат за сите нас и за Македонците и за северџаните а и за сите други во Македонија, Зарем до толку сте кусогледи и не можете да препознаете ниту еден очигледен чин на велепредавство, па на почетокот текстот на Владиката Агатангел му замерувате дека не покажал црковна дипломатија, би се сложил со вас доколку повикаше да одиме и да го запалиме Собранието со сите велепредавници, ама тој се воздржа од такво нешто така да покажа величина достојна за едено свештено лице и Владика!

  2. „ Бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец. Не судите и нема да бидете осудени; и не осудувајте , за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено“. Дали е Агатангел милостив како што од него бара Господ? Дали Агатангел проштева како што бара Господ да биде простено? Зошто Агатангел не проштева, туку осудува и проколнува? Зошто Агатангел не ги слуша зборовите на Исус Христос? Зошто суди и осудува, кога Господ бара да не се суди и да не се осудува? Дали е Агатангел христијанин и слуга на Господ или е слуга на Ѓаволот? Зошто Агатангел гледа раска во окото на брата си, а гредата во своето око не ја забележува? Исус рекол:„ Љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат, благословувајте ги оние што ве навредуваат“. Дали тоа Агатангел го прави? „На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот“. Што од ова што вели Господ Исус Христос, Агатангел исполнил? Зарем Агатангел не се плаши од тоа што оди против вољата на Господ?

    • Онаа што Владиката Агатангел го има во себе ти никогаш нема да го имаш, можеби затоа и му завидуваш…
      Онаа човечност која Владиката Агатангел ја има во себе ти не ја почитуваш ја мразиш, затоа што не си човек затоа што си велепредавник и монструм, ти живееш како монструм затоа и ќе завршиш како монструм…
      Онаа што Владиката Агатангел го говори дека секој народ заслужува слобода па така и Македонскиот народ, ти го негираш, со самото извртување и непочитување на волјата на Македонскиот народ изразена на референдумот од 30 септември 2018г. ти стана љубител на тиранијата па и самиот стана тиранин, добро од велепредавници друго и не може да се очекува..
      Владиката Агатангел не осудува чесни луѓе туку монструми и злосторници кои ја узурпираат волјата на Македонскиот народ и го држат во заложништво и во подредена позиција, дури и си дозволуваат да му избираат име, ти и сите како тебе сте изроди кои до сега не се видени на Светот…
      Жалам што Македонците не собраа храброст, жалам што цело време беа застрашувани уценувани и манипулирани од такви изроди како тебе изроду Еден!

      веќе реков од денешните генерации не може повеќе да се очекува, ама ќе дојде некое ново време некоја нова генерација која ќе знае што е држава што е човечко достоинство и тогаш ќе платите за се.

  3. Аха. Е па не знаев дека Господ сакал да каже да не се осудуваат „чесни луѓе“, а може да се осудуваат „монструми и злострници“ кои „ја узурпираат вољата на македонскиот народ“ и т.н. Ова Христос сигурно сакал да го каже, но заборавил да го каже. Можеби сега ќе биде нахнадно внесено во Библијата. А кога Агатангел ќе биде повикан пред Христа, на Големиот суд, ќе биде добро тебе да те земе за адвокат, да го браниш.

  4. ПОЧИТУВАН ВЛАДИКО! ЗА ЖАЛ ТАКВИ ТАТКОВЦИ И МАЈКИ ТАКВИ СИНОВИ И ЌЕРКИ РАЃАЛЕ КОИ СО СТИСКАЊЕ НА КОПЧЕ БРИШАТ СЕ ШТО БИЛО ДОСЕГА КАКО МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНИЈА, ЈАЗИК, КУЛТУРА, ИСТОРИЈА. ЗА ПАРИ ИМ ПОКЛОНИЈА НА НАЈГОЛЕМИТЕ ДУШМАНИ ОД ЈУГ, ИСТОК И ЗАПАД СЕ ШТО ИМ ПОБАРАА. СЕГА И ДА ПЛАЧАТ ВЕЌЕ ИМ Е ДОЦНА. СЕГА НЕЗНААТ ВО КОЈА ЗЕМЈА И ЦРКВА ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБАНИ, НА КАКОВ ЈАЗИК ПОП-СВЕШТЕНИК МОЛИТВА ЌЕ ИМ ОТПЕЕ. НИВНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА ЌЕ БИДАТ ВЕЧНО ЖИГОСАНИ МЕЃУ ЛУЃЕТО, РОДНИНИТЕ, КОМШИИТЕ ЗА ТАКВИТЕ НИВНИ МАЈКИ И ТАТКОВЦИ – ПРЕДАВНИЦИ!!!

Comments are closed.