Владимир Панчевски: Анализа на денот за СЈО

Екс претседателот на скопскиот Кривичен суд со анализа за судирот меѓу СЈО и другите правосудни институции.

“Откако колегиумот на Кривичен СУД во врска со правното мислење на Врховен СУД побара Јавниот обвинител да ги спасува истрагите на СЈО (тука нејасно е зошто СУДОВ таков каков што е со релаксирани меѓучовечки и колегијални односи, зошто обраќајки се до ОБВИНИТЕЛСТВОТО кое е странка во постапките не се обратил и до АДВОКАТСКА КОМОРА која исто така е странка во постапките???)

Па откако Јовевски елегантно го прешалта Кривичен СУД во Собранието тоа да го протолкува членот 22 од срамниот пржинско-политички противуставен закон, сега Јанева на чело со петокрака политиката ќе продуцира закон со кој ќе се бришел членот 22 и ќе им останеле да ги доспроведат истрагите кои Кривичен и Јовевски се обидуваат очајно да им ги спасат, иако судот врска нема со обвинителска истрага.

Во сета оваа политичко-судска калакурница каде противуставното го решаваат со противуставно сите овие потонаа во своето правно незнаење и дилетантизам! Но, политиката во Македонија го решава правото и додека е така и боговите ќе молчат, а воловите ќе личат на боговите (арх. од лат.) Според правото нешто што не е уставно е ништовно, нешто што не е законски е ништовно, а тоа што е ништовно се смета дека не било преземено и се товари со штета заради злоупотреби на државниот орган дали било тоа СЈО, ЈО или Кривичен. Исто така дилетантите не знаат дека во кривичната постапка и кривичното право нема ретроактивност, постојат и многу други правни термини основни принципи на кривичното како латински изреки и варијација на оваа тема!

Едно не сфаќаат, криво насадено дрво е само дрво”, пишува Панчевски во анализата.