Владин “ПиАрџија” се потсмева на здравствен проблем и физички изглед на политички противник (ФОТО)

Влатко Васиљ, познат твитерџија кој е дел од владиниот тим за пропаганда а вработен во кабинетот на Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на неговиот твитер профил се потсмева со потенцијален здравствен проблем и физички изглед на политички противник.

Постот на Васиљ содржи прашање “Кој е овој” и фотографија на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на која тој најверојатно со помош на Фотошоп е прикажан со чуден физички изглед во пределот на вратот кој го прави да изгледа енормно дебел.

Васиљ не само што не реагира на навредливите коментари за здравствените проблеми и физичкиот изглед на Стоилковски (некои велат дека има проблем со тироидната жлезда а други дека е страшен и стар) на неговиот пост туку и самиот навредува со коментар кој содржи потценување и потсмев на естетска основа.

Стоилковски кој пред повеќе години имаше здравствени проблеми е еден од најактивните членови на опозицијата на социјалните мрежи кој постојано ги прозива највисоките владини функционери за нивните гафови.

Пред два дена Стоилковски упадна на настан на владата каде што откри разлика во ставовите меѓу двајцата водечки личности на ПР тимот на Заев, министерот Роберт Поповски и советникот Марјан Забрчанец за владината стратегија за лажни вести насочена против активности на опозицијата.

Покрај неговата активност како владин пропагандист и онлајн инфуелсер, Васиљ беше истакнат активист на Шарената Револуција и долгогодишен критичар на претходната власт.

Предходно Васиљ критикуваше потсмевање на физички недостатоци но сега во жарот на политичката битка самиот ја спушта прениско културата на однесување и дискриминирање луѓе за физичкиот изглед најверојатно поради политички разлики.

SHARE