Владината ДУИ бара Владата да ги почитува законите во судирот за контрола на ИВЗ

ДУИ вечерва го поддржа Сулејман Реџепи, актуелниот реис на Исламската Верска Заедница каде денеска дојде до обид за пуч.

ДУИ очекува од Владата во која е дел да го почитува законот со кој се дава автономност на верските заедници.

“Демократската унија за интеграција изразува целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури вечерва извршија упад во работат на Исламската верска заедница.

Република Северна Македонија е секуларна држава, и независноста на верските заедници претставува уставна категорија, која државата и институциите треба да ја гарантираат.

Како политичка партија имаме апсолутна поддршка за автономијата на Исламската верска заедница, и сметаме дека единствено надлежни за разрешување на нивните внатрешните спорови, претставуваат органите на институцијата, а не органите на државата или политичките партии.

Апелираме и очекуваме од Владата, судовите и останатите државни институции да се однесуваат согласно уставните начела на автономност и независност на верските заедници и соодветно на тоа, во целост да ги почитуваат одлуките на органите и телата на Исламската верска заедница”, пишува во реакцијата на ДУИ.

Предходно ИВЗ влезе во отворен конфликт со Заев

Сулејман Реџепи: Веќе не сме на иста страна со оваа влада! (ВИДЕО)

SHARE

1 Коментар

  1. Време е кога умноболниов ЗАЕВ ќе го постави ВИЦЕТО на чело на МПЦ збогом СТЕФАН ??

Comments are closed.