Владините советници Забрчанец и Сарачини имаат уште 24 часа да избегнат тужба

Владините советници за медиуми Марјан Забрчанец и Петрит Сарачини кои вчера го обвинија порталот инфомакс.мк дека го монтирал видеото на кое членови на СДСМ скандираат “Северна, Северна”, имат уште 24 часа за да избегнат тужба од медиум.

Вчера порталот инфомакс.мк најави дека ќе ги тужи советниците на Заев и владата затоа што лажно обвиниле дека го монтирале срамното скандирање на Мечкин Камен за кое видео вечерва објави и друг новинар.

Вчера единственото видео од скандирањето го објави инфомакс.мк со што владините советници лажно го обвинија порталот дека шири лажни вести.

Порталот согласно законските одредби ќе чека 48 часа за извинување кое владините советници го имаат добиено по допрен глас вчера околу 22 часот, по што ќе покренат тужба за клевета и навреда.

Повеќе детали за тужбата

Владините ,,Пиарџии” Забрчанец и Сарачини заработија тужби за лажни вести за Северна

SHARE