Актерот Владо Јовановски реагира за судската опомена за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако призна дека физички го нападнал Демир Исмаил и изрази каење поради тоа.

„Курто е бил и ќе биде!

Но, и…

Мурто е бил и ќе биде!

Секоја сличност со господинот Курто Дудуш е случајна.

Јас, пак, предлагам, кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи, за министер за ОПОМЕНИ… (ново министерство), барем толку заслужува нашава демократија, во нашево општество, во нашава др’жава (како ѝ беше името)?

А пак, Igor Durlovski да се запали на клада.

(се разбира, ќе му се извиниме пред или по палењето)“, коментира на Фејсбук еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

SHARE