Власта и опозицијата со нови непремостливи разлики, пописот пред блокада

Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис, објави пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него разликите не се мали, и се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Еуростат.

Димовски не открива за што точно опозицијата се противи во законот за попис но од најавата во која Димовски вели дека “само попис според стандардите на Еуростат може да биде попис кој ќе биде од корист на сите”, може да се претпостави дека опозицијата ќе го блокира законот кој треба да даде претстава колку луѓе живеат во Македонија.

Предходно во јавноста излегоа информации дека на пописот ќе се попишуваат и луѓе кои теоретски со децении не се во земјава а ќе можат да бидат пријавени ако некој нивни близок го знае нивниот матичен број.

Оваа и неколку други контраверзни одредби се косат правилата на Еуростат.

Во јавноста овие одредби се доживуваат како обид за фингирање на слоката за населението во Македонија каде што колективните човекови права се поврзани со бројот на жители на етничките заедници.

Во меѓувреме Соецијалното јавно обвинителство води истрага за кршење на законот во врска со откажаниот попис во 2011 година. Во овој случај осомничен е лидерот на ДУИ Али Ахмети.

SHARE