Власта одби да гласа за разрешување на Катица јанева


Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Собранието денеска да гласа Катица Јанева да биде разрешена.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи точка на дневен ред да биде разрешувањето Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, специјалната обвинителка да биде разрешена.

Според партијата на Христијан Мицкоски, дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот „Рекет“, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.

Според ВМРО-ДПМНЕ нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на позицијата специјален јавен обвинител.

Мандатот на Јанева истекува на 15 сптември.