Шефот на Програма за Југоисточна Европа при Грчка фондација за надворешна и европска политика (ЕЛИАМЕП), Јоанис Армаколас, смета дека процесот на пристапување на Македонија во НАТО е невозможно да се сопре.

Грчкиот Парламент истовремено ќе ги ратификува и Преспански договор, и протоколот за членство на северниот сосед во НАТО, очекува вонредниот професор на Универзитет „Македонија“ во Солун.

На меѓународната конференција „Западен Балкан и ЕУ: Враќање на реалполитиката?“ во Белград тој изрази уверување дека евентуалното друго сценарио би било Грција да не го ратификува договорот од Нивици и тогаш Македонија, како што објасни, би била примена во НАТО со привремената референца од Обединети нации.