ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Собранието!?


ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето парламентот да се распушти денеска (12-ти февруари) и не ја коментираат најавата на Џафери дека постои можност тоа да се случи на 16-ти февруари.

За да биде усвоен предлогот за распуштање на парламентот, потребни се најмалку 61 глас.

Од најголемата опозициска партија побараа спикерот Џафери да свика итна седница за распуштање на парламентот.

Тоа беше најевено и вчера од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, Вчера:

„Очекуваме, или да ја уважите иницијативата која ја испративме за распуштање на ова Собрание, или пак вашата, затоа што очекуваме утре (12-ти февруари – н.з.) да ја ставите точката на дневен ред, да се распушти парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори на кои народот ќе одлучува и ќе ја преземе судбината на оваа земја во свои раце“, порача Мицевски во обраќањето.

Пленарна собраниска седница на која ќе се разгледува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на парламентот денеска нема да има, велат собраниски извори за Слободен печат.

Прво да се донесе Законот за јавното обвинителство, па потоа народните избраници ќе гласаат за распуштање на Законодавниот дом, коментираат нашите извори.


SHARE