ВМРО-ДПМНЕ демантира дека нивни пратеник ќе гласа за уставни промени

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира наводите изнесени во текстот „СДСМ ја спроведува операцијата Магдалена Манаскова“ во врска со наводните напори да се убеди пратеничката да го поддржи насилното менување на Уставот, се вели во реакцијата на опозицијата.

“Пратеничката Магдалена Манаскова ги споделува ставовите на партијата дека мора да се почитува јасно изразената волја на граѓаните на одржаниот референдум каде спогодбата од Преспа не доби поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ јасно го има кажано својот став во однос на уставните промени. Граѓаните недвосмислено на 30 ти септмеври, се изјаснија против промена на името на Република Македонија.
Ставот на граѓаните треба да го почитуваат сите политички партии и пратеници, вклучително и тие од власта”, пишува во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE

Оставете Коментар