Јасно е дека командантот на УЧК, Баци, не му помагал со изборни гласови на Зоран Заев заради убавина или уметнички впечаток.

Или се тргувало со пари или се тргувало со највисоките национални интереси. Одговорот треба да го дадат истражните органи доколку успеат да се ослободат од сервилноста на Јовевски и Русковска, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според последните сознанија на италијанскиот медиум ‘Ла верита’ Зоран Заев од поранешен командант на УЧК купил 5 илјади гласови. Според  „Ла Верита“, договорот е направен благодарение на Захир Бекири Чауш, кој имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници. Чауш своето влијание го губи во 2016 година кога при претрес полицијата кај него дома наоѓа околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши, лични карти, но и оружје“, се потсетува во соопштението од опозициската партија.

Правдата е бавна, но никој не побегнал од нејзе, па така нема ниту Зоран Заев да побегне. Одговорност за криминалите на Заев и СДСМ мора да има. Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што наместо да го гонат се ставиле во одбрана на истиот“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE