„Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на Рашковски. Дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите?

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека за ваквото беззаконие институциите се уште молчат.

„ ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие“, пренесе Макфакс.

SHARE