Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Владата доживеала фијаско во справувањето со пандемијата на коронавирус, а статистичките показатели се поразителни.

„Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број на новозаразени на 1 милион жители.

Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители. Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, пренесе Инфомакс.

SHARE