ВМРО-ДПМНЕ одлучи за изборите (ВИДЕО)

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го објави ставот за изборите.

Според Мицкоски и покрај тоа што не се исполнети низа услови за фер и регуларни избори ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори иако термините 5 и 8 јули не се прифатливи како термини.

За опозицијата најрано на 15 јули можат да се случат избори со елементарно исполнети услови за безбедно и фер гласање.

Тој најави дека тој и партијата како докажани борци ќе се борат за државата на избори затоа што понатаму ќе биде доцна за борба затоа што за една година Македонија каква што е денеска може да ја нема.

Според Мицкоски Заев и СДСМ се надеваат дека на изборите ќе има мала излезност за да можат да манипулираат со гласачите и гласањето.

Мицкоски од побара Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба а притоа да се исполнат два услови: Прво, да се создадат соодветни протоколи за безбедни избори и граѓани кои ќе гласаат и второ, да има соодветна меѓународна набљудувачка мисија која во земјава би дошле пред почеток на кампањата.

Линк до видеото од обраќањето на Мицкоски

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/262114201793073/?sfnsn=mo&d=n&vh=e