ВМРО-ДПМНЕ продолжува со разговорите за законот за ЈО

Христијан Мицкоски денеска соопшти дека ќе ВМРО-ДПМНЕ ќе продоли со разговорите за законот за Јавното Обвинителство, откако вчера преговарачката тројка од ВМРО-ДПМНЕ го напушти состанокот на партиските работни групи, барајќи да присуствува и Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

„Апсолутно во сето она што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и тука сме да соработуваме“, одговори Мицкоски на новуинарско прашање.

Како што рече, ВМРО-ДПМНЕ не е против носењето на законот, а основа за преговори постои, но треба да има и другата страна желба за да се постигне решение, односно да се прифатат аргументираните забелешки од нивна страна.

SHARE