ВМРО-ДПМНЕ се врати на Кале по пауза од една година (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Опозицијата повторно се врати на прославите на американскиот национален празник што секоја година се одржуваат во амбасадата на САД на скопско Кале.

Откако лани беа присутни само неколку претставници на пониско ниво во партијата овој пат на собирот на македонскиот политичко – судско – верски крем се појави речиси целото партиско раководство.

Покрај лидерот Мицкоски присутни беа и премиерот Заев и најголем дел од министрите како и лидерот на ДПА Мендух Тачи кој се забавуваше иако е на американската црна листа.

САД денеска на 4 јули ја слави својата државност.

Фото: Фејсбук

SHARE

Comments are closed.