ВМРО-ДПМНЕ со амандмани ќе го поправа Законот за јазици


ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на Законот за јазиците за тој да стане уставен, рече на прес-конференција Христијан Мицкоски, кој очекува дека власта ќе ги поддржи доколку навистина се залага за правда.

Тој му порача на премиерот Зоран Заев дека политиканството водено само со цел да се дојде на власт сега му се удира од глава.

„Немаме политика на принципи од власта, туку ‘купи ден продај’ политика. Имаме коцкање со државните и национални интереси, и не е само така во надворешните односи, туку и во секој друг поглед. Владата на Зоран Заев практично стана заложник на своите неуспеси, и кусогледа популистичка политика. Без многу голема промисленост, туку само со една цел и интерес, како да се дојде до повеќе пари, и до повеќе лични бизниси, а се останато може да чека“, истакна Мицкоски.

SHARE