ВМРО-ДПМНЕ со примамлива понуда за младите до 29 години (ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска објави примамлива понуда која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведе ако дојде на власт.

Мицкоски најави дека сите до 29 годишна возраст нема да плаќаат персонален данок за своите примања по било која основа.

Практично доколку некој граѓанин заработува 30 илјади денари бруто месечно тој на годишно ниво со мерката на ВМРО-ДПМНЕ би заштедувал близу 40 илјади денари на годишно ниво или над 600 евра.

Оваа мерка најмногу ќе ги израдува таканаречените слободни професии, ИТ инжинери, уметници и консултанти кои заработуваат преку авторски договори или договори за дело.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/634840060600012/