Внимавајте, се одземаат бучни возила и такви што чадат

Од почетокот на примената на измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата одземени се 26 возила – на одреден временски период – меѓу кои некои биле нерегистрирани, други стари возила кои испуштаат чад, но и стари возила кои ја нарушуваат безбеднсота во сообраќајот, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„ Секое возило што создава прекумерна бучава или кое испушта издувни гасови и ја загадува животната средина може да биде одземено односно исклучено од сообраќај во тој момент и да се утврди преку вештачење кои се проблемите што ги има тоа возило и дали понатаму ќе може да продолжи“, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски, пренесе МКД.Мк.

Министерот појасни дека со новиот Закон за прекршоци и измените во Законот за бзбедност во сообраќајот на патиштата се укинуваат казнените поени.