Внук на Русковска стана обвинител, ДКСК тврди внук не е роднина

Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција не успеала да одолее на можноста која, благодарение на моментот, и се отворила, па нејзината позиција ја искористила да си го вработи нејзиниот внук како обвинител во Основното Јавно обвинителство Скопје.

Како што објавува порталот инфомакс. Мк за да се покрие од евентуални законски последици за оваа постапка, Русковска побарала и официјално мислење од Антикорупциската комисија која еднакво скандалозно донела мислење дека внук не е роднина. Ова особено е проблематично ако знаеме дека со ваквата одлука Антикорупциската комисија е контрадикторна сама на себе, пишува порталот.

Инаку во самиот образец на ДКСК за пријавување на ангажман на блиски лица во објаснувањето на образецот јасно е посочено дека внуци се „блиски роднини”.

Целата информација и документи на овој ЛИНК

SHARE