Таканаречениот „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, за денеска најави протести во 14 поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија.

Заради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија кои евентуално патуваат или веќе се во Грција, да ги избегнуваат местата на одржување на протестите кои се закажани за вечерва во 19,30 часот, предупредија од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Протести со учество на стотици илјади лица со иста цел се одржаа зимава во Солун и Атина.