Во 2021 се укинува менувањето на стрелките на часовниците

Поместувањето на стрелките на часовниците, практика што со децении се применуваше во ЕУ, се укинува во 2021, изгласа денеска Европскиот парламент.

Земјите кои планираат да останат трајно во летното сметање на времето  ќе треба  своите часовници последен пат да ги поместат во последната недела во март 2021 година, додека оние кои преферираат зимско сметање ќе го направат во последната недела на октомври 2021 година.