Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека Македонија во јуни ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија, но дури по пет години ќе биде при крајот на процесот за зачленување.

„ Не сум во бизнисот со предвидувања, но сметам дека најреалистично е Македонија за пет години да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ, изјави Сервер кој е професор по меѓународни студии на Универзитетот „Џон Хопкинс“ и добар познавач на  работите на Балканот за МИА.изјави Сервер за МИА.

„Во однос на зачленувањето во ЕУ, Македонија е исправена пред два предизвика, имплементацијата на „акис“ (општите права и обврски задолжителни во сите земји членки на ЕУ), како и независноста на судството.  Ако овие реформи, таканаречени потпорни столбови на една градба, бидат имплементирани на време, Македонија е на сигурен пат да стане членка на ЕУ“, вели Сервер.

SHARE