Заменик-министерот за надворешни работи на Грција ги отфрли извештаите дека НАТО им поставил рок на  Атина и на Скопје за завршување на процедурите околу Преспанскиот договор до 15 февруари.

„Не добив такво писмо, го видов и релевантниот извештај“ изјави Јоргос Катругалос на 24/7 Радио станицата, додавајќи дека Грција во секој случај ќе оди итна ратификација на Преспанскиот договор, зашто тоа е договорна обврска.

Сепак, заменик-министерот за надворешни работи потврди дека Атина намерава да има две гласања – едно за Преспанскиот договор и едно за Протоколот за пристапување на пјРМ во НАТО, пишува „То Вима“.

„Тоа се две различни нешта: од денот кога уставниот процес ќе завршин во соседната земја и кога – како што изгледа, овој уставен процес ќе заврши како што сакаме, започнува период во кој ќе мора да го ратификуваме Договорот од следниот ден … до март“, вели Катругалос.

„И веднаш потоа, бидејќи ратификацијата на Договорот е условена, прашањето за членството на соседната земја во НАТО ќе дојде во грчкиот парламент.

Во врска со уставната ревизија во Скопје, Катругалос  истакна дека грчката страна е задоволна од четирите амандмани кои Владата на Заев ќе ги стави на пленарната седница.