Нови снимки на рускиот авион кој се  запали на писта на московскиот аеродром Шереметјево, покажуваат дека пилотот се обидел да слета двапати, пред да се запали.

Вчера, беше објавено ужасно видео од внатрешноста на запалениот авион…  Денес е објавено ново видео од камерите за надгледување на аеродромот.

Од нив се гледа дека авионот се обидува да слета, но два пати удира и се одбива од пистата пред почне да гори, објавува Index.hr.

Само 37 од 78 патници и членови на екипажот на рускиот авион на Сухој-100 кои тргнаа од московскиот аеродром преживеаја. Авионот на Аерофлот СУ 1492, кој летал на рута од Москва до рускиот град Мурманск, мораше да се врати во Шереметјево, откако извести за итен случај помалку од половина час по летот.


Агенцијата Итар-Тас објави дека сите тела биле однесени од авион во мртовечница каде што ќе бидат идентификувани.

Поради оваа сериозна несреќа, прогласена е тридневна жалост.

SHARE