Во Беса навредени од ултиматумот на Села

Вчерашната понуда на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, до Беса и Алтернатива со која побара за 48 часа да има одговор за тројната коалиција, за Движење Беса е нејасна и несериозна.

Од оваа партија велат дека немаат за што да одговорат бидејќи пред еден месец тие донеле одлука дека се „за“ тројна коалиција. Генералниот секретар на Движење Беса, Арјанит Хоџа, вели дека се уште не добиле одговор зошто се уште нема тројна средба за да зборуваат за деталите на коалицијата, туку се се прави со јавни понуди преку медиумите.

Од Алтернатива пак велат дека преговараат на партиско ниво само со Алијансата за Албанците .

SHARE