Со вакви „европски" печки продолжуваат да се топлат многу луѓе кои живеат во земјите од „европскиот“ Балкан.

Со скрстени раце во скутот , 89-годишната Елена Ламбру се приближува кон единствениот извор на топлина во куќата – керамичка печка на дрваа во Магурени, мало село во јужна Романија. Купувањето на дрва за огрев, чини повеќе од четири месечни пензии. Пензијата на Елена е 800 леи (170 евра). Понекогаш таа гори коќани од пченка, а не дрва, за да заштеди пари.

Запрашана како врзува крај со крај, нејзините очи се полнат со солзи.

„Многу е тешко“, му одговара Елена Ламбру на репортерот на БГНЕС.

Таа не ги исполнува условите за државна помош, за да ги покрие трошоците за енергија.

Речиси една четвртина од романските домаќинства имаат проблеми со обезбедувањето на енергија, било затоа што не можат да си го дозволат, или затоа што не се поврзани на електричните илина  гасните мрежи, покажува една неодамнешна студија на Центарот за проучување на демократијата (CSD), експертска група во Клуж, Романија. Помалку од 5% од домаќинствата добиваат државна помош за нивните потреби од греење.

Ова е поширок проблем за сиромашните и постарите лица во ЕУ пишува БГНЕС..

Романскиот извештај е првата сеопфатна проценка на енергетската сиромаштија во една земја членка на ЕУ.

Ергетската сиромаштија е широко призната како проблем во ЕУ, но недостатокот на заедничка дефиниција значи дека статистичките податоци се разликуваат сериозно од земја до земја.

На пример, 8 отсто од населението на ЕУ не може да си дозволи правилно да ги загрева домови,  покажува истражување во рамките на целиот блок за 2017 година.

Според оваа студија 11,3 отсто од Романците се соочуваат со овој проблем – помалку отколку во Латвија – 29 % и во Бугарија со 37 проценти, пишува БГНЕС.

Во 2017 година, Европската комисија предложи паневропска дефиниција за енергетска сиромаштија, реорганизирање на пазарите на енергија, но земјите-членки и Европскиот парламент не постигнаа договор.  Наместо тоа, тие се согласија дека  земјите ќе излезат со свои дефиниции и како планираат да се справат со проблемот.

Извор:БГНЕС

SHARE