Британската полиција открила 39 тела во камион што дошол од Бугарија. Британската полицијата денеска соопшти дека уапсиле 25-годишен возач на камион од Северна Ирска, под омнение за убиство откако вом камионот што го возел биле откриени тела на 38 возрасни луѓе и еден тинејџер.

„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубија животот“, се вели во соопштението на началникот на полицијата во Есекс, Ендру Маринер.

„Нашите истраги продолжуваат да утврдуваат што се случило“.

Полицијата соопшти дека била алармирана од брза помош непосредно пред 01:40 часот по отворањето на контејнер за камиони во кој имало луѓе.

„Ние веруваме дека камионот е од Бугарија“, рече Маринер.

Тој рече дека камионот влегол во Велика Британија во саботата во Хелхед, на северо-западната страна на Велс.

Министерството за надворешни работи на Бугарија во моментов нема информацииоколу написите во британските медиуми за смртта на 39 лица во камион, за кој се тврди дека пристигнале во во Велика Британија преку Бугарија.,  пренесува БГНЕС.

SHARE