Во центарот на Скопје не се издаваат фискални сметки

Сведок кој викендов бил во посета на скопската Зоолошка градина тврди дека за време на продолжениот викенд во објектот каде има огромна фрекфенција на гости за голем дел од услугите не се издаваат фискални сметки.

“Скопска ЗОО градина
Влез 80 ден. има фискална
Бејби ЗОО 20 ден. нема фискална (од лице)
Воз тура низ Зоолошка 50 ден Нема фискална (од лице)
Внатре кафиќ нема фискална за ништо,
Трамболина за скокање 10 мин 40 ден нема фискална
Шеќерна волна 40 ден нема фискална
Балони со хелиум најефтиниот 50 ден нема фискална
Тоа се внатре во Зоолошка (ексклузивно право да продаваат џиџимиџи, семки пуканки, шеќерна волна балони вртелешки, трамболини)

После ке речете на Битпазар не издавале фискални и во Чаир. Зоолошката е во Центар на Скопје и под Управа на Град Скопје ….”, пишува разочараниот граѓанин кој како плаќач на данок сака системот да функционира за сите.

Директор на скопската Зоолошка градина е кадарот на СДСМ Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, екс менаџер на скопски кафиќи е близок на градоначалникот Шилегов кој го именувал за директор а се прослави со објаснувањето дека крокодилот кој пред две години избега од градината бил во пубертет.

Галетановски беше шеф на скопскиот изборен штаб на Пендаровски во трката за претседател.

SHARE