Во Дебрца неколку приведени за истакнување на сонцето од Кутлеш, блокирано МВР во Охид

Непознат број ма жители на селото Волино општина Дебрца се вечерва приведени по фудбалски меч во регионална лига што се играл попладнево.

Според роднини на приведените тие се однесени во полициската станица во Охрид затоа што скандирале Никогаш Северна само Македонија и истакнувале знамиња со сонцето од Кутлеш или Вергина кои што се забранети согласно Преспанскиот договор.

Роднините тврдат дека немало никаков инцидент и дека се работи за класичен политички реваншизам.

Во моментов СВР Охрид е блокирано од двете страни на улицата и никој не може да дојде до влезот на локалната полиција.

Објектот на полицијата според очевидци го обезбедуваат вооружени припадници на полицијата кои се под целосна полициска опрема.

SHARE